Средба на градоначалникот Ќура со директорите на училиштата
- Изнаоѓање одржливи решенија и подобрување на условите за работа и учење во основните и средните училишта, детската градинка и ученичкиот дом во Општина Струга била целта на денешната средба на градоначалникот Менди Ќура со директорите на институциите.
Струга, 9 јануари 2026 (МИА) - Изнаоѓање одржливи решенија и подобрување на условите за работа и учење во основните и средните училишта, детската градинка и ученичкиот дом во Општина Струга била целта на денешната средба на градоначалникот Менди Ќура со директорите на институциите.
На средбата, како што соопшти општинската прес-служба, присуствувале и раководителот на Секторот за образование, Џеми Хајредини, и шефот на кабинетот, Шефкие Аласани Дика.
- Во рамки на средбата се водеше отворена и транспарентна дискусија за состојбите во образовните институции, при што директорите ги изнесоа клучните предизвици со кои се соочуваат: акумулирани долгови, сериозни проблеми со греењето, несоодветен и недоволен ученички транспорт, лоша инфраструктура, како и драматично намалување на бројот на ученици во училиштата, стои во информацијата.
Најавено било почнување на процесот за оптимизација на училиштата, како стратешки чекор кон поефикасно управување со ресурсите и стабилизирање на образовниот систем на локално ниво.
Општина Струга, нагласуваат, останува посветена на системско решавање на проблемите во образованието, преку континуиран дијалог, транспарентност и партнерство со сите засегнати страни, со јасна цел – поквалитетни услови за учениците и наставниот кадар. сс/вј/
Фото Општина Струга